Чуркин: Да се спречат терористите да ја превземат контролата во Дамаск

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин изјавил дека Русија ја поддржува Сириската влада заради тоа што, во случај да падне режимот на претседателот Башар ал Асад, контролата би ја превземале терористите.

Тој го свртел вниманието на тоа колку брзо се шири екстремистичката група Исламска држава на Ирак и Левант. Таа е активна во Сирија, но прешла и во Ирак и завземала голем дел од ирачката територија.

„Настојуваме да се осигураме дека Исламската држава на Ирак и Левант нема да ја превземе контролата над Дамаск, што во одредени околности може да се случи“ рекол Чуркин.

Чуркин, кој моментално претседава со Советотот на безбедност на ОН, рекол дека еден од начините на финансирање на терористите е илегална продажба на нафта.

Постојат извештаи, како што рекол, дека Исламската држава на Ирак и Левант, преку  посредство на рзлични компании кои ја продаваат нафтата од нафтените полиња.

Русија сака Советот на безбедност на ОН да го разгледа ова прашање и Чуркин најавил дека членките наското ќе упатат нацрт на претседателското соопштение со цел да се спречат терористите да ја продаваат ирачката и сириската нафта и така да ги финансираат илегалните активности.

Чуркин рекол дека САД и Русија требало да се заложат за нови политички преговори за завршување на сириската криза „имајќи ја предвид димензијата на терористички закани.“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.