Чувари се обиделе да фатат крадци на дрва, а тие бегајќи со автомобилот удриле во нивниот

На 08.07.2022 во Полициска станица Кочани Г.Е.(49) од с.Г.Подлог, В.М.(43) и Т.А.(58) двајцата од Пробиштип пријавиле дека околу 09.00 часот над шумска куќичка – рампа „Плачковица“, додека извршувале работни задачи како вработени во ЈП„Македонски шуми“-подружница „Осогово“-Кочани, при обид да запрат патничко возило „форд“, со кое се превезувале бесправно сечени дрва за огрев, тоа продолжило да се движи и удрило во нивното службено патничко возило „лада нива“, со кочански регистарски ознаки, по што возачот избегал.

За случајот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.