Црни бројки: 24 лица починаа, 2.269 новозаболени од ковид-19

Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 2.269 новозаболени со ковид-19, битката со коронавирусот ја загубија 24 лица, додека како оздравени се водат 1.420 пациенти, информираше министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 1.169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, Велес и Кичево – по 33, Ресен – 32, Струга – 31, Неготино – 26, Крива Планка, Радовиш и Берово – по 24, Делчево – 19, Валандово – 15, Демир Хисар – 14, Свети Николе и Кратово – по 13, Штип и Крушево – по 11, Македонски Брод – 9, Виница и Македонска Каменица – по 8, Пехчево – 7, Пробиштип, Богданци и Дојран – по 5, Демир Капија – 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.269), регистрирани се 310 реинфекции.

Регистрирани сe 1.420 оздравени пациенти од Скопје – 790, Битола – 124, Прилеп – 86, Охрид – 76, Кавадарци – 40, Куманово – 27, Штип – 26, Струмица – 23, Гевгелија, Велес и Кичево – по 22, Ресен и Неготино – по 15, Валандово – 14, Тетово – 13, Кочани – 12, Делчево – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка, Свети Николе, Крушево и Македонски Брод – по 7, Пробиштип – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Македонска Каменица и Пехчево – по 3, Берово, Богданци и Демир Капија – по 2, Дојран и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица:  5 починати лица од Скопје (64, 66, 68, 79 и 82), тројца од Струмица (58, 61 и 66), двајца од Кавадарци (52 и 87) и по едно починато лице од Куманово (73), Струга (77) и Охрид (54). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 11 починати лица од Гевгелија (4), Струмица (2), Струга (2), Кичево (2) и Богданци (1) починати во период од 03-16.01.2022. Починатите се на возраст од 47 до 87 години. Од пријавените случаи 3 се починати во домашни услови и 8 се во болнички услови.

Направени се 7.038 тестови преку: ИЈЗ-511, ЦЈЗ Скопје-102, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-93, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-25, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–11, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Авицена-344, Биотек-472, Систина-127, лабораторија Лаор-158, Синлаб-63, Ремедика-26, Плодност-139, Генеа-27, Никоб Лаб-846, ВФВ Медикал-83, Ели Медика-46, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-57, Рапид Лаб–40, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–13, Рамус-63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.404.

Досега во земјата се направени вкупно 1.717.482 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 247.663, бројот на оздравени пациенти е 222.306, на починати е 8.139, а бројот на активни случаи изнесува 17.218.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 111.527, активни 9.167, Куманово 13.947, активни 662, Прилеп 12.093, активни 960, Тетово 11.770, активни 283, Битола 11.312, активни 1.516, Гостивар 8.372, активни 237, Кавадарци 8.050, активни 426, Велес 7.926, активни 327, Охрид 7.490, активни 548, Штип 7.139, активни 259, Струмица 6.727, активни 345, Кичево 4.634, активни 245, Кочани 4.342, активни 178, Струга 4.156, активни 190, Гевгелија 3.317, активни 266, Неготино 2.858, активни 171, Свети Николе 2.269, активни 92, Ресен 2.118, активни 189, Крива Паланка 2.097, активни 112, Радовиш 2.040, активни 195, Делчево 1.604, активни 104, Берово 1.562, активни 74, Дебар 1.479, активни 16, Виница 1.229, активни 38, Пробиштип 1.213, активни 53, Валандово 1.212, активни 136, Кратово 831, активни 41, Крушево 772, активни 145, Богданци 763, активни 59, Демир Хисар 715, активни 60, Македонски Брод 599, активни 43, Македонска Каменица 462, активни 30, Демир Капија 456, активни 18, Пехчево 387, активни 22 и Дојран 195, активни 11.