Цртање графити е причината за приведување на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ?!

Младите од ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште се во полициската станица во Ново Лисиче. Распитот бил поради наводно цртање на графити.

–Не собраа утринава со полиција од дома и не распрашуваа за некакво цртање на графити во Аеродром, вели за Лидер организациониот секретар на УМС, Петар Миовски, кој сѐ уште е во полициската станица.

Како што сведочат за ,,Лидер”, утринава биле приведени и однесени во полициската станица во Ново Лисиче, најголем дел од членовите на раководството на УМС Аеродром. Во моментов чекаат во полициката станица за да бидат повикани на распит, а не им кажуваат за што ќе биде распитот.

,Помеѓу лицата кои се наоѓаат во полициската станица во Ново Лисиче е и советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, и организационен секретар на партијата Петар Миоски. Во полициската станица е и претседателот на УМС Аеродром, Стефан Синадиновски.

Во станицата се и членовите на Извршниот Комитет на УМС Аеродром и потпретседателите.