Цветала љубовта помеѓу Конте и челниците на Јувентус

Спортскиот директор на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, тимот на Јувентус, Павел Недвед, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека сега веќе поранешниот предводник на “старата дама”, Антонио Конте, ја напуштил тренерската функција поради несогласувањата кои ги имал со клупските челници.

“Немаше никакви несогласувања со раководството. Антонио Конте си замина затоа што чувствуваше голем замор од напорната работа. Тој сакаше да си замине уште во мај, но јас го убедив да издржи до крај на сезоната, а потоа да размисли во текот на летниот одмор. Искрено, не мислев дека ќе се врати со истиот став, но тој дојде и рече дека навистина сака да се одмори. Дури тогаш решивме дека мораме да се разделиме”, изјави Недвед.