Данило Тирк кандидат за генерален секретар на ОН

Словенечката дипломатска мрежа добила инструкции во рамки на своите можности да започне со подготовки на теренот  за кандидатурата на поранешниот претседател Данило Тирк за местото генерален секретар на Обединетите нации, пишува словенечкиот весник „Дело“.

За тоа, како што наведува весникот, расправала и словенечката влада, но не е донесена дефинитивна одлука. Вестите за тоа дека сака да се кандидира за положбата која сегашниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун, ќе ја напушти во 2016-та година, поранешниот словенечки претседател не сакал да ја коментира.

Водечкиот словенечки весник наведува дека има индиции за давање на посебен статус на Тирк за да му се овозможи лобирање во меѓународната политика, со оглед на тоа дека на крајот на оваа година истекува мандатот на „поранешниот претседател“ во рамки на кои има право на плата, административен персонал и сопствена канцеларија. Одлуката за укинување на канцеларијата на поранешниот претседател е донесена во рамки на мерките за штедење и стабилизација на трошоците.

Весникот наведува дека поранешниот словенечки премиер, Алој Петерле, на кого следната година му истекува местото застапник во Европскиот парламент, сака да се кандидира за местото генерален секретар на местото Совет на Европа, но според неофицијални информации, кон неговата кандидатура не е наклонет министерот за надворешни работи, Карл Ерјавец.