Треба ли даночна пријава за добивките од кладилница и казино?

До 15-ти март граѓаните треба да поднесат годишна даночна пријава во Управата за јавни приходи. Граѓаните што во текот на изминатата година оствариле приходи од игри на среќа го поставуваат прашањето: Треба ли даночна пријава за добивките од кладилница и казино?

Приходите кои сте ги оствариле во текот на 2015 година, покрај тоа што сте имале обврска одделно да ги пријавите и за истите да платите персонален данок во текот на годината во рамките на законските рокови, должни сте и збирно да ги пријавите во Годишната даночна пријава, најдоцна до 15 март 2016 година.

Годинава задолжително поднесуваат даночна пријава граѓаните кои што оствариле дополнителни приходи, односно освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност,  оствариле и приходи од: кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права; индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; добивка од награднa игрa во износ поголем од…