Дарко Рундек со Карго Трио вечерва во Скопје

Легендарниот хрватски музичар Дарко Рундек и некогашен лидер на култната загрепска група „Хаустор“, која беше еден од предводниците на некогашниот југословенски „нов бран“ од почетокот на осумдесеттите години на минатиот век,“ вечерва со своето „Карго трио“  закажува концертна средба со скопската публика во Универзална сала, со почеток во 20.30 часот.
Бендот во октомври минатата година објави нова песна „Midnight Calypso“, со која на публиката и најави дека може да очекува нов албум во блиска иднина, а дотогаш, последно издание на групата останува албумот „Плави авион“, кој излезе во 2010 година.
Минатата година беше издадена и книгата „Kнига за песните: Рундек, помеѓу“, чиј автор е хрватскиот музички новинар Анте Перковиќ. Во неа се опишани приказните за настанувањето на дел од хитовите во кариерата на Рундек, а содржи и мноштво фотографии, од кои повеќето никогаш претходно не биле објавени.
Скопјани ќе имаат вистинска можност во интимна атмосфера да ги слушнат старите хитови на Хаустор но и новиот матерјал на овој неуморен музички номад кој плени со секоја нова изведба.
Билетите за ова незаборавно музичко  искуство ќе може да ги набавите во Универзалната сала како и  продажните места на Купи карти за се и ќе бидат со цена од 400 , 500 и 600 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.