Даскалов оставил проштално писмо за ќерките и сопругата

Штип вчера се прости со Горан Даскалов, бизнисмен во текстилната индустирја, поранешен советник и претседател на ФК Брегалница, пишува Вест.  Тој беше најден мртов во неговата викендичка во Суитлак со прострелна рана.

За смртта на Даскалов низ градот кружат различни приказни за можните причини, од тоа дека тој не бил човек кој можел да посегне по својот живот, до сериозни проблеми со бизнисот, па се’ до некои кривични пријави за малверзации за времето кога бил во фудбалот.

Како што пишува Вест, основниот јавен обвинител Ристе Бојаџиев истакнал дека се’ уште ги чека официјалните резултати од наодот за парафинската рака и извештајот од извршената обдукација, за да се комплетира истражната постапка. До неговото тело бил најден неговиот пиштол кој го поседувал со дозвола.

Според првичните сознанија до кои дојде Вест, Даскалов оставил проштално писмо. Од СВР Штип и од Обвинителството ниту  потврдуваат, ниту негираат дека тој оставил писмо. Не се откриваат ни детали за содржината, но наводно, открива Вест, ој бил разочаран по банкторот во бизнисот и не можел да продолжи, па во писмото им се извинил и побарал разбирање од сопругата и двете ќерки.