Дефлацијата ноќна мора на евро зоната

Инфлацијата во 18-члената евро зона остана на ниски 0,8 отсто во јануари, на истото ниво како и во декември, објави Евростат.

Поради ниската инфлација во последните месеци расте загриженост дека може да се појави дефлацијата, траен пад на цените кои можат да го забават растот. Ниската стапка на инфлација ќе го задржи притисокот на Европската централна банка и понатаму да ја поттикнува економијата.

Дефлацијата е забележана во неколку земји од евро зоната, како на пример на Кипар од минус 1,6 отсто и во Грција од минус 1,4 отсто.

Дефлацијата која и‘ се заканува на евро зоната е исто толку опасна како и голема инфлација бидејќи создава маѓепсан круг, пад на цените, а потоа и пад на потрошувачката и инвестициите, што на крајот се одразува на платите и вработувањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.