Делегации на СДСМ со положување на цвеќе ќе го одбележат празникот

Во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска, (02.08.2018) ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци на неколку локации.

Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ во состав Аднан Џафероски, член на ИО на СДСМ, Оливера Чавкар, член на ЦО на СДСМ и Бети Рабаџиевска Наумовска, пратеничка во Собранието на Република Македонија, ќе положат свежо цвеќе во 9.30 часот пред гробот на Никола Карев, во 10.00 часот пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и во 12.00 часот пред споменикот на Мечкин Камен.

Во Скопје, делегација на СДСМ во состав Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Борче Георгиевски, градоначалник на Општина Гази Баба, и Рената Јајоска, Градска Организација на СДСМ, во 10.00 часот ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев и споменикот на АСНОМ во парк Жена борец, а во 10.30 пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.

Во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во 11.00 часот, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде и ќе положи свежо цвеќе делегација на СДСМ предводена од Миле Зечевиќ, организационен секретар на СДСМ, Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово и Лидија Тасевска, пратеничка во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ.

Во Смилево, делегација на СДСМ во состав Никола Поповски, претседател на ОО СДСМ Демир Хисар, Роберт Наумоски, член на ЦО на СДСМ, и Зорица Петрушевска, член на ИО на OO СДСМ Демир Хисар, во 09.00 часот, ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.