Делта ги замени другите три загрижувачки соја на коронавирусот

Загрижувачката делта варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2, присутна во 185 земји, ги заменила другите три соја кои предизвикуваат загриженост – алфа, бета и гама, кои сега претставуваат помалку од еден отсто од случаите, наведува во вторникот Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Појавата на варијантите кон крајот на 2020 година донесуваа и зголемена опасност за глобалното јавно здравје намалувајќи ја ефикасноста на вакцините против Covid-19, и ја поттикна СЗО да ги одбележува варијантите кои треба „треба да се следат“ и другите „загрижувачки“ соеви, за да се даде приоритет во контролата и истражувањето на светско ниво.

„Сега преовладува делта варијантата. Всушност, помалку од еден отсто од моментално достапните секвенци се (загрижувачките варијанти) алфа, бета и гама. Овој вирус стана посилен, полесно пренослив и ги замени другите вируси“, одговори директорката на техничкиот тим за Covid-19 при СЗО, Марија Ван Керков на социјалните мрежи и прецизираше дека споменатата варијанта е присутна во 185 земји во светот.

СЗО се реши да ги означува варијантите како „кои треба да се следат“ и они кои се „загрижувачки“, според буквите од грчката алфабета, за да се избегне секоие стигматизирање на некоја земја каде првпат се појавила мутацијата на коронавирусот и да ѝ овозможи на јавноста нивно полеснио следење. Во моментов СЗО семта дека овие четири варијанти се „загрижувачки“.

Со тоа четирите споменати соеви на коронавирусот, кои агенцијата на Обединетите наци ги смета за „загрижувачки“ и кои во јавноста се општо познати како „британски“, „јужноафрикански“, „бразилски“ и „индиски“, добија називи како Алфа, Бета, Гама, Делта според редоследот на откривање. Другите варијанти продолжуваат натаму по азбучен ред. СЗО ги објави новите имиња по критиките дека називите како B.1.351, 501I.V2 и 20H / 501I.V2, биле премногу сложени.

СЗО сметаше досега дека другите пет варијанти: Ета, Јота, Капа, Ламбда и Му, трена „да се следат“. Но сега три варијанти – Ета, Јота и Капа, се тргнати од списокот, наведе Ван Керков.