Демба Ба му докажа на Мурињо дека е во право

Најзаслужниот за пласманот на Челзи во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони, сенегалскиот интернационалец Демба Ба, му испрати јасна порака на контроверзниот менаџер, Жозе Мурињо дека не бил во право кога изјавувал дека има потреба од нови напаѓачи и дека актуелните не можат да ги задоволат неговите побарувања.

“Не станува збор за некаква одмазда. Можно е Мурињо да има на располагање напаѓачи кои не се по негова желба, но јас знам, јас сум убеден дека Чезли има на располагање фантастични напаѓачи и знам дека истите се жалба на најголемите клубови во Европа. Многу сум среќен, најпосле сум слободен, најпосле добив шанса да покажам се што знам. Јас сум голем фан на ПСЖ, но за прв пат во мојот живот посакав ПСЖ да загуби на еден натпревар, да биде елиминиран. Му донесов голема среќа на мојот тим. Среќен сум поради Челзи, но и тажен поради ПСЖ. Тажен сум поради мојот голем пријател Јохан Кабаје. Пред да почне натпреварот, Азард ми кажа дека ова е вистинскиот момент за да покажам се што знам. Ми беше многу страв, особено после повредата на Азард. Ги слушнав најверните фанови на ПСЖ како пееат дека се веќе обезбедиле пласман во полуфиналната рунда”, изјави Ба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.