Дерби Каунти го купува кралското семејство од Абу Даби

Англискиот второлигаш Дерби Каунти, чиј капитен и помошен тренер е поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни, во петокот потврди дека наскоро ќе добие нов сопственик, а тоа е кралското семејство од емиратот Абу Даби.

Клубот објави дека е постигнат „начелен договор“, а шеикот Калед бин Зајед ал-Нехајан, кој е роднина на шеикот Мансур, сопственикот на Манчестер Сити, потврдил дека добил и одобрување од Англиската лига за преземање.

Девете страни преговарале од мај, а се верува дека арапскиот сопственик за второлигашот платил околу 66 милиони евра.

Шеикот Калед претходно двапати се обидуваше да купи некој англиски клуб, во 2018 година испрати понуда од 2 милијарди евра до групацијата „Fenway Sports“ којашто е сопственик на Ливерпул, а потоа минатата 2019 година се насочи кон Њукасл Јунајтед, но ниту овој обид за преземање не беше успешен.

Сопственик на Дерби Каунти е локалниот деловен човек Мел Морис, кој клубот го купи во 2015 година и имаше големи вложувања во трансфери и плати, но поранешниот прволигаш не успеа досега да се пласира во Премеир лигата.

Дерби Каунти е еден од 12-те клубови кои во 1888 година ја основале англиската фудбалска лига позната како Прва дивизија и е еден од само 10-те клубови кои секоја сезона се натпреварувале во професионалниот систем на англиското лигашко натпреварување, и сите освен четири сезони бил во првите две дивизии.

Дерби е основан инаку во 1884 година до Вилијам Морли, како дел од основниот крикет клуб во округот Дербишир. Најголемите успеси ги постигна во 1970-те години кога двапати ја освои тогашата англиска Прва дивизија (1972 и 1975) и се натпреваруваше четири сезони во елитните европски натпреварувања, стасувајќи до полуфиналето на Европскиот куп.

Исто така, клубот е првиот повоен освојувач во 1946 година на ФА Купот најстарото фудбалско натпреварување на свотот.

Дерби Каунти последен пат се натпреваруваше во Премиер лигата во сезоната 2007/2008, кога заврши како последен на табелата и влез во историјата како клуб со најмалку освоени бодови во една премиерлигашка сезона.