Дерик Меј и Филхармонија на 2 август во Охрид

Дерик Меј и Македонската филхармонија во античкиот театар во Охрид на 2 август на публиката ќе и понудат универзален перформанс во која ќе бидат спорени класичната и електронската музика. Проектот кој го носи името „Музика универзалис“ е во продукција на „Излет мјузик“, а е поддржан од Министерството за култура.

Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура, рече дека ова е ексклузивен настан кој ќе спои многу генерации, а и ќе ги натера младите, поради Дерик Меј, да дојдат и да го видат и слушнат ова уникатно музичко и сценско остварување.

„Музика универзалис ќе понуди едно ново движење, нова енергија кое досега не е видено. За се да изгледа онака како што ќе изгледа се погрижија „Излет мјузик“ и Емин Џија кои работат на продукцијата и арамжманот. Свелосните, видео и аудио ефектите, како и на костимите ќе бидат уникатни. Ова е совршен спој за младите да дојдат и преку музиката на Дерик Меј да ја почувствуваат убавината на класичната музика“, рече Канческа-Милевска.

Министерката додаде дека со овој ексклузивен настан Македонската филхармонија ќе го одбележи и своето 70 годишно постоење.

Дерик Меј, го истакна своето задоволство што е дел од проектот „Музика универзалис“ и се надева дека и многу луѓе кои не се од Македонија ќе дојдат на 2 август за да го почувствуваат овој уникатен проект кој ќе и биде презентиран на јавноста.

„Целата идеја е на продукцијата „Излет мјузик“ и јас бев почестен кога ми кажаа дека планираат да бидам дел од него. Со овој проект ќе се постават нови граници во музиката, продуцентите навистина се надминаа, а мене ми е исклучително мило што околу мене имам толку трудољубиви луѓе кои имаат желба да створат нешто ново. Нивната желба наскоро ќе стане реалност“, рече Меј.

За проектот „Музика универзалис“ предвидено е да излезе и ДВД запис на кој ќе биде концертот од античкиот театар во Охрид, како и краток документарен филм за археолошкото богатство на Македонија што во идина ќе послужи за промоција на македонската култура.