Деспотовски јавно да објави барем една инвестиција што лично успеал да ја привлече, на кој начин и преку која стратегија, вели Митева

-Функционерите на власта решаваат да се сокријат преку пишани статуси на социјални мрежи, со бледи, несодржински и празни статуси, наместо да одговорат конкретно на прашањата на јавноста. Согласно тврдењата на Деспотовски, во Македонија за помалку од две години има договори за нови инвестиции од над 620 милиони евра и тоа над 70% биле нови компании кои за прв пат инвестирале во Македонија, па го повикуваме јавно Деспотовски да ги објави и барем за една од тие да каже како тој лично ја привлекол инвестицијата, кои методи и знаења ги употребил, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, повеќето т.н „нови инвестиции” се всушност проширување или реинвестиции на претходните чие доаѓање тогаш беше критикувано дека се случува само поради високи субвенции. Сега нивните, претходно планирани проширувања, се претставуваат како нови инвестиции и проекти, а се доделува дополнителна државна помош.

Еве и неколку примери за тоа:

Johnson Controls (JCI) I Johnson Matthey дојдоа во Македонија во 2007 и 2008 година. До 2022, овие две компании или во случајот на JCI ја користиме Аптив како наследник на проектот во истиот објект сеуште се помеѓу 5те најнапредни и најсофистицирани странски директни инвестиции во Македонија. Од каде тогаш коментарот дека сега се привлекуваат понапредни компании? Дали на инвестицијата од Питсбург во Жабени или Корејската од ТИРЗ Скопје 2, кои беа претходно најавени се откажани бидејќи не беа доволно напредни или можеби пак е обратно, поради капацитетите на Дирекцијата кои се нотирани и во извештајот на ДЗР, инвеститорите сфатија со кого си имаат работа, па се повлекоа?, прашува Митева и додава:

„Второ во однос на реинвестирањето – повеќето компании при првичниот инвестициски проект имаат 10 годишна стратегија со 2 до 3 инвестиции во својот инвестициски циклус. Зошто ова реинвестирање се презентира сега како некој „успех“ кога тоа компаниите го предвиделе уште од самиот почеток (пример за тоа се компанијата Kemet, Gerresheimer, Kostal, Krombert & Shubert и сл.)

Трето, каде е Американската компанија “Jennmar” од Питсбург во Жабени заради која дел од зоната Жабени се пренамени во ТИРЗ и каде е Rechi&Sons во Струга? Каде е турската компанија Mepsan во Скопје 1 или Јужно корејската инвестиција „Almak” во Скопје 2 зоната?

Бидејќи Јован Деспотовски вели дека резултатите во делот на странските инвестиции се видливи, еве повторно јавно го прашуваме која е стратегијата за привлекување на странски директни инвестиции – кој точно привлекува нови инвестиции, на кој начин и каде? Кои се приоритетни сектори и кој кадар има знаење и искуство во истите за да ги анализира и избере таргетираните компании? Кој, како и за колку пари ја промовира Македонија како инвестициска локација?

Исто така, очекуваме да одговори и до каде е камен темелникот на eGo во Тетово која требаше да се стави на денот на рамковниот договор? 3 месеци поминаа од камен темелникот.
И за крај, Јован Деспотовски треба да одлучи дали зборува од името на директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони или зборува како политичар, иако не сме запознати за некаква негова партиска позиција, освен за една неуспешна кандидатура“, рече Митева

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.