Девојче болно од рак: „Ако сум јас храбра, можете да бидете и вие“

Многумина од луѓето не се задоволни со својот живот или изглед и постојано се жалат како немаат пари, дека имаат мала плата, фризурата не им се допаѓа…

Истите тие додека го трошат времето на глупости забораваат дека во истиот момент во светот има луѓе кои се борат со тешки и неизлечиви болести.

Борбата со ракот никогаш не е лесна, но ова петгодишно девојче иако е потполно ќелаво, имала веќе три операции, поминала многу хемотерапии и ја чека уште една хируршка интервенција, сепак не губи надеж.

Слушнете ја приказната на ова храбро девојче, кое успева да најде забава дури и во најтешките моменти.

„Ако сум јас храбра, можете и вие да бидете“ – запомнете ги овие зборови на Хана.