Дф Лабс Интернешенал ги отвори вратите во Македонија

По мојата прва средба со министерот Џери Наумоф, одлучив подлабоко да ја истражам Македонија како пазар. Видовме дека Македонија е многу интересна земја, со развиен професионализам и со интересна ИТ инфраструктура. За само неколку месеци ние ја креиравме „Дф Лабс Интернешенал“ и започнавме со нашиот план за вработување. Ова го истакна, извршниот директор на компанијата Дарио Форте, кој од Милано пристигна во Македонија за да ја одбележи својата нова инвестиција.

-Позитивно сум изненаден од силните образовни темели на луѓето кои ги ангажиравме. Планираме на вработените да им обезбедиме најдобри обуки со цел да ја направиме Df labs интернешионал лидер во оваа област, компанија која ќе може да го опслужи целиот ЕМЕА регион, (Europe, Middle East and Afrika) вклучувајќи ја и Македонија. Нашата цел е дупло да ја зголемиме бројката на вработени до крајот на 2015 година, а наскоро ќе започнеме активна соработка со локалните универзитети, вклучувајќи ги универзитетите во Скопје и Охрид. Административните работи течеа многу брзо. Нашето време за почеток го намаливме за 70 отсто споредбено со Италија и се надеваме дека во оваа шармантна земја ќе продолжиме да се развиваме и да креираме нови работни места, истакна Форте.

Наумоф потенцираше дека, „Дф Лабс Интернешенал“ со седиште во Милано, Италија, ја избра Македонија во однос на другите регионални и азиски земји, како земја од каде поконкурентно ќе се испорачуваат софтверси сајбер услуги.

-Прв пат ја посетив „Дф Лабс Интернешенал“ пред речиси една година на моето прво бизнис патување во Италија. Во тоа време Форте многу малку беше запознаен со можностите во Македонија и беше позитивно изненаден од одличната бизнис средина која е креирана во Македонија. Веднаш беше договорена посета во Македонија како мој гостин. Во текот на таа посета, тој имаше можност да се сретне со Компанијата ФХ3Х и Космик Девелопмент, две одлични компании, едната домашна, а другата странска. Во текот на таа посета, беше остварена и средба со министерот Иво Ивановски каде се разговараше за капацитетите на Македонија во овој сектор. По состанокот со локални претставници од универзитетите од ИТ областа и нашите студенти, Форте беше убеден дека Македонија е вистинското место од каде неговата компанија ќе испорачува услуги во оваа област. Ова е одличен пример дека малите и средни претпријатија со висок квалитет на услуги се многу привлечни странските инвестициски можности за Македонија. Како што е докажано со оваа компанија, малите и средни претпријатија може да донесат брзи одлуки за инвестирање во Македонија. Многу сум горд на инвестицијата на Дф Лабс Интернешенал, поради уникатните технички know-how кои ќе бидат префрлени на нашите млади и амбициозни луѓе. Ова се работни места, со кои нашите млади дипломирани кадри сакаат да ја започната својата професионална кариера, истакна Наумоф.

Ова е компанија е специјализирана за системи за заштита од сајбер напади и форензички анализи со големи клиенти низ целиот свет. Компанијата ќе нуди софтверско решение за заштита и брзо справување при сајбер напад со што помалку финансиски загуби на ИТ системите на клиентите.