Динамо Москва, Салцбург, Фиорентина и Легија најмногу профитираа на синоќешните натпревари

Динамо Москва на домашен терен ја забележа четвртата победа во Лига Европа од исто толку натпревари и со максимални 12 бодови на две кола до крајот во групната фаза обезбеди пласман во следната рунда.

Рускиот тим со 1:0 го совлада португалскиот тим Есторил, а стрелец на единствениот гол Кевин Курањи во 77-та минута.

Полскиот тим Легија исто така со 12 максимални бодови веќе обезбеди пласман во следната рунда. На домашен терен со 2:1 беа подобри од украинскиот Металист. Гостите први поведоа преку Кобин во 22-та минута, кој постигна фантастичен гол со ножички, но седум минути подоцна резултатот го израмни Сагановски. Победата на Легија и ја донесе Дуда со неговиот гол во 84-тата минута.

Група А:

Аполон – Борусија Менхенгладбах 0:2, Цирих – Виљареал 3:2.

Табела: Борусија М. 8, Виљареал 7, Цирих 4, Аполон 1.

Група Б:

Копенхаген – Бриж 0:4, Хелсинки – Торино 2:1.

Табела: Бриж 8, Торино 7, Хелсинки 4, Копенхаген 1.

Група Ц:

Астерас – Тотенхем 1:2, Бешикташ – Партизан 2:1.

Табела: Тотенхем 8, Бешикташ 8, Астерас 4, Партизан 1.

Група Д:

Астра – Селтик 1:1, Динамо Загреб – Салцбург 1:5.

Табела: Салцбург 10, Селтик 8, Динамо Загреб 3, Астра 1.

Група Е:

Динамо Москва – Есторил 1:0, Панатинаикос – ПСВ 2:3.

Табела: Динамо Москва 12, ПСВ 7, Есторил 3, Панатинаикос 1.

Група Ф:

Карабах – Днипро 1:2, Сент Етиен – Интер 1:1.

Табела: Интер 8, Сент Етиен 4, Днипро 4, Карабах 4.

Група Г:

Феенорд – Риека 2:0, Севиља – Стандард 3:1.

Табела: Севиља 8, Феенорд 6, Стандард 4, Риека 4.

Група Х:

Евертон – Лил 3:0, Волфсбург – Кубан 5:1.

Табела: Евертон 8, Волфсбург 7, Лил 3, Кубан 2.

Група И:

Наполи – Јанг Бојс 3:0, Спарта – Слован 4:0.

Табела: Спарта 9, Наполи 9, Јанг Бојс 6, Слован 0.

Група Ј:

Динамо Киев – Алборг 2:0, Рио Аве – Стеауа 2:2.

Табела: Динамо Киев 9, Стеауа 7, Алборг 6, Рио Аве 1.

Група К:

Фиорентина – ПАОК 1:1, Генгамп – Динамо Минск 2:0.

Табела: Фиорентина 10, Генгамп 7, ПАОК 4, Динамо Минск 1.

Група Л:

Легија – Металист 2:1, Локерен – Трабзон 1:1.

Табела: Легија 12, Трабзон 7, Локерен 4, Металист 0.

Натпреварите од 5-то коло се играат на 27 ноември.