Дискотеката „Привилиџ“ немала лиценца за работа

Министерот за економија, Крешник Бектеши, потврдил дека дискотеката „Привилиџ“, пред која беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот, нема лиценца за работа, објави „Слободен печат“.

„Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова“, додаде Бектеши.

Веќе е даден налог за инспекциски надзор врз дискотеката „Привилиџ“ во Скопје, изјави директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.

И Симеска Димоска потврди дека оваа дискотека немала лиценца за работа како ноќен клуб.

Како се случило и покрај тоа што немал дозвола, овој клуб сепак да работи, ќе покаже инспекцискиот надзор.

Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, минатата недела до смрт беше  претепан хрватскиот ракометар Денис Тот. За неговото убиство, се товарат три лица, од кои две се во триесетдневен притвор. Првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски е во бегство.