Добивка џокер со 5 погодоци вредна 130.000 денари во Новолото 7/34

99то коло на НОВОЛОТО 7/34, емитувано на 09.12.2014 на телевизија Сител, ја донесе премијата Џокер со 5 погодоци, вредна 130.315,00 денари.

Своето среќно НОВОЛОТО уплатно ливче, нашиот најнов среќен играч го уплатил во продажното место Студио Гина во Битола. Уплатата е извршена на 09.12.2014. Играчот уплатил 6 комбинации НОВОЛОТО и една комбинација НОВОЛОТО ЏОКЕР за две кола, за 99то и 100то коло.

Само за потсетување  досега во 2014та година, НОВОЛОТО на Државна лотарија на Македонија успеа да израдува дури тројца среќни  добитници со премијата 7ка,  а ова е веќе втора добивка Новолото Џокер. Претходно во 50то коло НОВОЛОТО 7/34, емитувано на 21.06.2014 на телевизија Сител, веќе имавме среќен добитник на добивката Џокер со 5 погодоци, вредна 394.851,50 денари.  Тогашен среќна беше пензионерка од скопската општина Аеродром, која сакаше да остане анонимна.

Уплатата за 100тото коло веќе е во тек, а неговото извлекување ќе може да се следи утревечер, 13.12.2014 на Сител телевизија, вообичаено со прекрасната НОВОЛОТО девојка Марјана Станојковска.

Примерот на играчот кој за 20 денари доби 130.315,00 е потсетување за сите НОВОЛОТО играчи, да не забораваат при уплатата на своите среќни броеви да уплатат барем еден Џокер број.  Уплатата на еден Џокер број чини 20 денари, а на едно помошно ливче може да се уплатат до 20 Џокер броеви.