Доцент д-р Емилија Велкова во трка за прв човек на Лекарската комора

За прв човек на Лекарската комора во игра е доцент д-р Емилија Велкова, истакната личност во професијата и во општеството со долгогодишно работно искуство во својата област, а има и значително искуство и со менаџирање на здравствени установи.

Д-р Велкова е автор и коавтор на повеќе од 300 научни трудови, како и трудови печатени во номинирани научни медицински списанија во земјата и во странство. Од 2002 година е Национален координатор за СПИ на СЗО (сексуално преносливи инфекции на Светска Здравствена Организација), а од 2006 станува член на бордот на CTSG на Балкан (Chlamydia Trachomatis Study Group).

Д-р Велковае експерт во областа за пренатална дијагностика и имунохематолошки пореметувања кај бремени жени, проблематични пациенти и консултации во врска со појава и интензитет на хемолитична болест на фетус и новородено кај бремени со антиеритроцитни антитела, како и препораки за сигурна трансфузија кај сензибилизирани пациенти и реакции при трансфузии на крв и крвни компоненти кај пациенти. Велкова Емилија, високо образование стекнува на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”, специјализација по Трансфузиона медицина на Медицински факултет при Универзитето.

Магистер е по медицински науки во областа Трансфузиона медицина со труд под наслов :„ Имунохематолошка дијагностика на еритроцитната алоимунизација во бременоста и пуерпериумот„ и Доктор на медицински науки во областа Трансфузиона медицина со труд под наслов „Имунохематолошка дијагностика и менаџмент на алосензибилизациите во тек на бременост кон антигените од Rh крвногрупниот систем„

Д-р Велкова има големо искуство и со менаџирање на здравствени установи. Од 2013 до 2017 ја врши должноста Директор на Институтот за трансфузиона медицина на Р. Македонија. Во 2014 е номинирана за член на Европската Комисија за Компетентни авторитети во областа на трансфузионата медицина, Совет на Европа во Брисел, Белгија. Во 2015 се здобива со диплома: Директор за менаџирање со квалитет на крвни банки за Македонија, од Европскиот Директоријат за менаџирање со квалитет во медицината (EDQM) при Совет на Европа. Д-р Велкова Емилија во 2015 година е номинирана за контакт лице за соработка со Здравствена мрежа на Југоисточна Европа, во областа безбедност на крв. Во 2016 година е назначена за експерт во Комитетот на експерти за трансфузија на крв на Советот на Европа/CD-P-TS.

Д-р Велкова е автор и коавтор на повеќе од 300 научни трудови, како и трудови печатени во номинирани научни медицински списанија во земјата и во странство. Коавтор на книга со меѓународна рецензија“Венска тромбологија”ISBN 978-608-247-677-3, COBISSMK ID 1019783498 (2016); и Автор на учебник “Основи на лабораториска трансфузиона медицина“ Универзитет “Св Кирил и Методија” Медицински факултет (2021). Д-р Велкова Емилија исто така е автор на „Практикум по трансфузиона медицина„ за студенти по медицина и к.оавтор на прирачник за ученици „Рамка за сеопфатно сексуално образование“.

Има учествувано во повеќе мегународни проекти од областа на трансфузионата медицинапроекти и посетува едукции на повеќе од 50 стручни тренинзи во земјата и во странство, како и учество на меѓународни конференции од областа на трансфузионата медицина во Советот и Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.