Донатори ѝ испорачуваат оружје на Украина а не НАТО, велат од Лондон

НАТО како организација не ѝ доставува оружје на Украина, тоа го прават поединечни земји кои се членки на Алијансата, изјави во вторникот британскиот заменик секретар за одбрана, Џејмс Хипи.

„Прво, донаторската заедница не е НАТО. НАТО беше вклучен во зајакнувањето на своето источно крило, во источна Европа сега има многу бродови, персонак, авиони под знакот на НАТО, но донатори (на оружјето, да – се некои земји од НАТО, но има и земји и надвор од НАТО, на пример Австралија. Оттаму, НАТО не тој што ја дава воената помош“, рече Хипи за Sky News на барањето да ја коментира изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров,

Шефот на руската дипломатија претходно за националниот канал во понеделникот вечерта изреази надеж дека западните земји ги преуспитуваат постојаните барања на украинскиот претседател Владимир Зеленски за испраќање повеќе вооружување и војници на НАТО во Украина во согласност со нивните постојани уверувања за недозволивост од започнување трета светска војна.

Но Хипи изјави дека тој не стравува од ескалација на руско-украинскиот судир во други региони.

„Заштитниот знак на Лавров изминатите 15 години колку што е министер за надворешни работи е своевидно расфрлање со храброст. Не мислам дека во моментов постои непосредна закана од есакалција. Она што Западот го прави за да ги поддржи своите сојузници во Украина е многу добро клаибрирано… Сѐ што правиме е калибирано за да избегнеме директна конфронтација со Русија“, рече Хипи за програмата на британскиот јавен серевис BBC.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.