Доверба во институциите, скоро 70% од испитаниците не и веруваат на оваа Влада

Интегрална изјава на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Ниската доверба во институциите е аларм за власта. Поразителни бројки, најниска доверба досега покажува последното истражување на јавното мислење во анкетата на Евротинк. Граѓаните покажале дека најмалку веруваат во судството и во институциите коишто се на првата линија за справување со корупцијата и криминалот. Во Обвинителството само 7%, а во Судството 6%. И ваквите бројки не се само перцепција, зад овие резултати се кријат конкретни индикатори и состојби за кои директно е виновна власта на СДС и ДУИ.

Да потсетиме на скандалозниот избор за првиот човек на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, предлагање на политички кадри за членови на уставниот суд, именување на несоодветни кадри и партиски членови за претседатели на судски совет, изјави за постоење на политички притисоци врз членови на судски совет, безброј нерешени судски случаи, уште илјада други конструирани и политички мотивирани процеси и најстрашно, криминал и корупција во првите редови на оние кои треба да обезбедат владеење на правото. Ова се конкретни примери кои се резултат на политичките интереси на власта комплетно да го партизира судството и обвинителството. На прашањето „Што мислите како институциите ја водат борбата со корупцијата?“ – 71% сметаат дека институциите потполно лошо ја водат борбата. Фрапира фактот што испитаниците имаат негативно мислење и за Државната комисија за спречување и борба против корупцијата каде 70% велат дека воопшто немаат доверба во оваа институција. Со само 1% пониска недоверба од ДКСК е Владата, со 69% од испитаниците кои велат дека воопшто не и веруваат на оваа Влада.

Оваа неспособна и криминална власт го урна правниот поредок, ја зароби правната држава и го поларизираше општеството во целост. Никој повеќе не верува во подобра иднина со оваа власт. Време е за промени, време е да заминат.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.