Дождливо до среда, потоа затоплување

Времето денеска ќе се задрежи облачно со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Пообилни врнежите ќе бидат во западните и јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

И утре ќе биде претежно облачно со повремен дожд и ретки грмежи, особено во попладневните часови. Од среда следува период на стабилно, суво и потопло време.