Дрекслер ја продолжува кариерата во Ал Ахли

Германскиот играч од средниот ред Јулијан Дрекслер си замина од францускиот шампион Пари Сен Жермен и кариерата ќе ја продолжи во катарскиот клуб Ал Ахли.

Како што објавија двата клуба во понеделникот, 29-годишниот Дрекслер, кој за ПСЖ настапуваше од 2017 година, потпишал договор на две години.

Германецот во Катар му се придружи на уште еден поранешен играч од средниот ред на ПСЖ, Италијанецот Марко Верати, кој игра за Ал Араби, како бекот Анду Диало.

Дрекслер за ПСЖ впиша 198 настапи постигнувајќи 26 голови, а минатата година ја мина како позајмен играч во Бенфика.

Во текот на кариерата играше и за Волсфбург и за Шалке. Во дресот на германската репрезентација впиша 58 настапи во кои постигна седум погодоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.