Државјанин на Турција и Холандија екстрадиран во САД за тероризам

Американскиот Стејт департмент соопшти дека државјанин на Турција и Холандија е екстрадиран во САД и обвинет за тероризам.

Ирфан Демирташ (56), кој е обвинет за обезбедување на материјална поддршка за „Исламското движење на Узбекистан“, вчера беше изнесен пред суд во Федералниот округ Колумбија.

Демирташ, познат и како Насрулах е уапсен во Германија во јануари со меѓународна потерница за апсење од Интерпол. Тој е осуден во отсуство во декември 2011. година за активности, што ги вршел како жител на Холандија, во Пакистан, Авганистан, Турција, Јордан, Холандија, Франција и други земји.

Организацијата, која се нарекува „Исламска партија на Туркестан“, е призната за терористичка во САД и во Русија. Демирташ се соочува со затворска казна до 70 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.