Државна матура на 27 мај мора да има, дециден е министерот

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири е дециден дека полагање државна матура на 27 мај мора да има. За да се реализира процесот, ако е потребно, ќе се вклучат, како што најави, и вработените од МОН.

Шаќири уште еднаш повика да се причека општиот колективен договор. Донесување системско решение, според него, е многу важно.

– Да се реализира државната матура и да се причека општиот колективен договор, а потоа и другите синдикати ќе комуницираат со институциите за потпишување на гранските колективни договори. Мора да има полагање државна матура на 27 мај. МОН се вклучи во процесот на решавање на проблемот. За утре е најавен нов состанок на синдикатот. Ако утре најдат решение, ќе очекувам од диреторката на Државниот испитен центар да достави барање да дадеме вработени од МОН само државната матура да се реализира во рокот, на 27 мај – нагласи министерот во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.