Душан Спасов: Новите проекти ќе го унапредат земјоделието

Душан Спасов од Земјоделскиот факултет во Штип во отвореното студио пред почетокот на митингот во Струмица на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ истакна дека новите проекти се за уште поголем развој на земјоделието.

„Јас како универзитетски професор сакам да се осврнам на сите нови проекти кои ќе го унапредат земјоделието, за да се дојде до практикување на високи технологии во земјоделието кои ќе придонесат за уште поголем развој на земјоделието. Оваа влада земјоделието го смета како вистинска гранка каде што може да се употребуваат високи технологии, науката, но исто така голем удел ќе има и образованието. Сите овие работи заедно прават нашето земјоделие и земјоделието во струмичкиот регион каде што поголем дел од населението се занимава со производство на раноградинарски култури каде што можат да се употребат сите високи технологии како системот капка по капка, наводнување, ѓубрење со ѓубриња кои се додаваат преку системот капка по капка. Сето тоа го прави земјоделието во струмичкиот регион поатрактивно и кое што прави голем дел од нашите млади да почнат да се запишуваат, а и веќе се запишуваат. Ние на Земјоделскиот факултет континуирано имаме неколку генерации, а тоа е прилично голема бројка од каде што излегуваат квалитетни стручњаци кои понатаму уште повеќе би го осовременувале земјоделието“, нагласи Спасов

Професорот Спасов посочи дека сите овие мерки се со цел нашето земјоделско производство да биде што пококурентно на странските пазари.

„Оваа програма на владата ја гледам во насока на уште посовремено производство кое ќе даде квалитет, ќе даде здравствено безбедна храна која ќе биде конкурентна на странските пазари“, истакна професорот.

Целото гостување на универзитетскиот професор Душан Спасов во отвореното студио може да го погледнете во видеото во продолжение.