Џикиќ дебитираше со победа

Новиот македонски селектор на македонската кошаракарска репрезентација Александар Џикиќ дебитираше со победа, откако црвено – жолтите на подготвителниот турнир за квалификациите за Европското првенство во 2015 година во Охрид ја совладаа селекцијаа на Австрија со 98:71.

Џикиќ на овој натпревар ги немаше искусните Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Лестер Бо Мекејлеб, Владо Илиевски, но тука беа некои други момци, кои барем на стартот од подготовките, на првиот пријателски меч во салата „Билјанини извори“, покажаа квалитет.

Во нашата репрезентација имаме и нова „натурализирана крв“, го нема веќе Мекејлеб, а сега го имаме крилниот центар Ричард Хендрикс, како засилување под обрачите.
Најефикасен во нашиот национален тим беше Бојан Трајковски со 20 поени, а Дамјан Стојановски беше стрелец на 17 поени.

Денеска кошаркарите ќе играат против селекцијата на Романија, на кошаркарскиот турнир што се игра во Охрид, а учествува уште и репрезентацијата на Грузија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.