„Џудишал Воч“: Бејли да ја предаде својата преписка со Сорос

Американската организација „Џудишал Воч“, која упати барање за истрага на злоупотребите во амбасадата во Македонија и во мисијата на УСАИД бара да и бидат доставени сите преписки на амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, како и други службеници во амбасадата со лица од фондацијата на Џорџ Сорос, кои би го покажале нивото на злоупотреби во распределбата на финансиската помош.

Со овој допис „Џудишал Воч“ бара од Стејт Департментот да ги обезбеди следните материјали, согласно член 5 од законот за пристап до податоци – сите записи во врска со грантови, договори, исплати од Стејт Департментот до Фондацијата Отворено Општество – Македонија и со било која подружница на оваа фондација. Ова ги вклучува сите барања за исплата на фондови, проценки, евалуации, одобрувања на исплати и други записи меѓу било кој функционер, службеник или претставник на Стејт Департментот и на агенцијата за развој УСАИД, пишува во барањето кое „Џудишал Воч“ го има испратено до Стејт Департментот пред еден месец.

judicial-watch

„Џудишал Воч“ е високо специјализирана организација за водење судски спорови против американскките државни институции во ситуации кога овие се обидуваат да ги сокријат своите злоупотреби од јавноста.

Тимовите адвокати на „Џудишал Воч“ ги тужеа американските државни институции за да го откријат списокот посетители на Белата Куќа за да се утврдат средбите на претедателите со лобисти, да се објават информациите кои ќе укажат каде била Хилари Клинтон за време на нападот во Бенгази и беа вклучени во низа други случаи од висок профил во кои беа разоткриени државни злоупотреби.

judicial-watch2

Во случајов, „Џудишал Воч“ се придружи на истрагата на група конгресмени и сенатори кои проверуваат како било можно безмалку сите средства определени за развој на демократија што биле доделувани од американската амбасада во Македонија и од УСАИД да завршат во џебовите на Владимир Милчин и Фондацијата на Џорџ Сорос, пишува „Република“, пренесува Нетпрес.

Како државни службеници, вработени во амбасадата и во УСАИД се обврзани да ги чуваат преписките кои ги имале во врска со доделувањето на грантовите на Фондацијата на Сорос, и строго им е забрането да бришат или уништуваат пораки и писма кои би покажале злоупотреби.

judicial-watch2-520x576

Ова наше барање се однесува и на комуникациите испратени од или испратени до амбасадорот во Македонија Џес Бејли, пишува во барањето на „Џудишал Воч“.

Во барањето детално се наведени организациите поврзани со Фондацијата „Отворено Општество Македонија“, кои ќе се испитуваат од страна на неколкуте најавени истраги. Меѓу нив е организацијата „Ист Вест Менаџмент“, која неодамна доби еден од најголемите грантови на УСАИД, вреден 9,5 милиони евра, да го имплементира во соработка со Фондацијата на Сорос, и која беше поврзувана со сопругата на албанскиот премиер Еди Рама, Делина Фицо.

Тука е и „Метаморфозис“, организацијата која води поголем број проекти поврзани со медиумите и се посочува за поврзаност со Фондацијата на Сорос. Во истрагата ќе бидат вклучени исплатите на грантови на медиуми како што е „Плусинфо“ на Бранко Героски, познат по постојното плукање на се што е македонско и по отстапување простор на налудничавиот напаѓач на Македонија, Бранко Тричковски.

Ќе се испитува и финансирањето на интернет порталот „Либертас“ поврзуван со Ацо Кабранов, агенцијата „Мета“, порталот „А1он“, сајтот за наводно истражувачко новинарство „Призма“, „Окно“, „Мактел“, „НоваТВ“ на Борјан Јовановски, како и Центарот за Развој на Медиуми, кој е ангажиран за изработка на пренадуено негативните извештаи за слобода на медиумите во Македонија.

„Џудишал Воч“ бара истрага и за финансирањето на организацијата „Цивил“, која се обидуваше да создаде негативна атмосфера за наводни нерегуларности на изборите.

Ќе се истражува и финансирањето на „Хера“, организација која работи на промовирање на левичарски ставови спротивни на семејните вредности. Десетина други организации како „Контрапункт“, „НВО Инфоцентар“, „Центарот за Граѓански Комуникации“, „Реактор“, „Младиот Образовен Форум“, „Граѓани за Европска Макеоднија“, АДИ и низа други, исто така ќе бидат испитувани. Ќе се испитува документација за сите нив од 1 јануари 2015 година наваму.

Врз основа на овие собрани материјали, „Џудишал Воч“ наведува дека ќе дојде до заклучоци дали амбасадата на САД во Македонија и УСАИД ги злоупотребувале парите на американските даночни обврзници.

Барањето доаѓа во време кога претседателот Доналд Трамп бара преполовување на фондовите за Стејт Департментот и УСАИД токму поради бројните слични информации за злоупотреби низ целиот свет, каде УСАИД служел за ко-финансирање на политичките активности на Сорос, промовирање на левичарски политики и уривање на конзервативни влади.