Единицата „Алфа“ се укинува?

„Господине Спасовски, владеевте криминално цели три години. Го урнавте кредибилитетот на МВР, а им дадовте сила на криминалните банди. Лажевте исто како Заев. Измислувавте афери како таа со бланко обрасците за лични карти, само за да прикриете сериозни злоупотреби. Ваши соработници оддаваа класифицирани информации и уценуваа, а вие ги криевте. Гледавме скандали со пајаци и Евридики“, пишува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на својот фејсбук профил.

-Обидете се барем на крајот да бидете малку достоинствени. Ниту граѓаните ве сакаат, ниту полициските службеници ве сакаат. Помирете се и заминете без нови измами и дополнителни штети. Не сакам да верувам дека сте толку во паника, но мора отворено да ве прашам дали на 30.10.2019 година испративте до МИОА предлог за структурална промена во Министерството?

Дали е вистина дека подготвувате нова чистка за целосно да го парализирате МВР во технички период ? Дали е точно дека ја укинувате досегашната интервентна единица во СВР Скопје наречена Алфа?“, прашува Ѓорѓиоски

Дали Алфите заедно со Единица за асистенции и спровод и еден цел вод на ЕБР (во кој предходно ги избркавте оние кои ви ги одбиваа политичките нарачки) ќе бидат дел од Единица за Јавен Ред и Мир во СВР Скопје на ниво на одделенија.

Свесен ли сте дека со тоа драстично се намалува присуството на полиција на терен. Непостоењето на интервентни тимови, може да резултира во предизборниот период со криминални дејанија и злоупотреба на механизмините на власта за уцени и притисоци, како и поткуп. Дали ја враќате реформата на ниво од 2007 година со тогашните ОВРиња, а сега наречени и систематизирани како ЕВР, Единици за внатрешни работи? Знаеле ли дека така го зголемувате раководниот кадар во СВР, што беше препорака од ЕУ да се укине? Само ја зголемувате бирократизацијата во координацијата и соработката на службите.

Може да им се заканувате на професионалците и да ги казнувате и разместувате на пониски места, но имајте на ум дека одговорност ќе има“, стои во објавата на Ѓорѓиевски.