Едисон Кавани го откачи Интер, останува во ПСЖ

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани, деновиве се поврзуваше со калчолигашот Интер, откако овој клуб не успеа да дојде до потписите на Един Џеко и Ромелу Лукаку.

Кавани се споменуваше како добра опција, алтернатива за „нероаѕурите“ со оглед на тоа што добро го познава италијанскиот фудбал, но поради фактот што е во последната година од договорот со Пари Сен Жермен. Меѓутоа овие информации веднаш ги демантираше Уругваецот за која за следнава сезона има само една опција-да го носи дресот на „светците“ од Париз.

-Веќе им кажав на навивачите, а и себеси си ветив дека ќе останам во ПСЖ до крајот на договорот. Тоа е сигурно. Во иднина можам да одлучам да се вратам во Уругвај, ама фудбалот не зависи само од вас, тука е клубот и навивачите. Единствената работа која ја знам е дека ќе продолжам да давам се за ПСЖ затоа што по шест години Париз е мојот дом и моето семејство, -порача гранде Кавани.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.