Едномесечен зелен картон купиле над 8.200 граѓани

Едномесечен зелен картон ова лето купиле повеќе од 8.200 граѓани и тоа во нешто повеќе од еден месец, откако стапи на сила владината одлука за враќање на овој тип зелен картон.

Осигурителните компании од 18-ти минатиот месец па досега издале околу 28.000 зелени картони, од кои повеќе од 8.200 се едномесечни.

Од Националното биро за осигурување кои располагаат со вкупните статистики, велат овој период од годината се повеќе луѓе се одлучуваат да извадат месечна зелена карта, најмногу оние кои еднаш годишно одат надвор од границите  за да ја посетат посакуваната дестинација, пишува „Курир“.

Од А.Д. Осигурителна полиса за порталот потврдуваат дека околу 35 до 40 отсто од оние што лани ваделе годишни сега имаат извадено месечни зелени карти.

Дополнително ќе се утврдува какви ќе бидат ефектите од воведувањето на оваа мерка врз вредноста на премијата што ја остваруваат осигурителните компании, а која беше донесена за да се намалат трошоците на граѓаните кои патуваат поретко.

Инаку сопствениците на помалите автомобили може да извадат едномесечен зелен картон по цена од 30 евра, а оние чиј автомобил е над 66 киловати по цена од 50 евра.

Годишниот зелен картон и понатаму останува да важи и чини 90 евра за патничките и  280 евра за товарните возила.

Едномесечен зелен картон се издава веќе еден месец

Со оваа одлука граѓаните кои патуваат еднократно во летните месеци ќе можат да остварат значителни заштеди.
Со оваа одлука граѓаните кои патуваат еднократно во летните месеци ќе можат да остварат значителни заштеди.

Од 19-ти јуни годинава стапи во сила владината одлука за враќање на едномесечен зелен картон, која премиерот Никола Груевски ја најави неколку дена претходно.

Од осигурителните компании тогаш оценија дека оваа промена ќе биде добра можност за граѓаните, а ќе влијае и врз раст на бизнисот, а со оваа одлука граѓаните кои патуваат еднократно во летните месеци ќе можат да остварат значителни заштеди.

Едномесечниот зелен картон е добредојден за време на туристичката сезона.

Ова ќе им биде во полза на лицата кои најчесто патуваат во странство еднаш годишно, и тоа за време на годишните одмори.