Економиите на Индија и Франција ќе ја надмината британската

Велика Британија во текот на следната година, по напуштањето на ЕУ, би можела да падне од петтото на седмото место на листата на најголеми светски економии, прогнозираат експертите на консултантската фирма „Прајсвотерхаус Куперс“.

Според нив, Индија би можела да ја потисне Велика Британија од петото место, а за едно место земјата би била надмината и од Франција, чија економија би станала шеста најголема во светот.

ПвЦ прогнозира дека во текот на 2019 година економскиот раст на Велика Британија би можел да изнесува 1,6 проценти, доколку земјата без поголеми проседици успеа да го надмине шокот од евентуално истапување од ЕУ без договор.

Според консултантската куќа, во наредната година француската економија ќе забележи раст од 1,7 проценти, а индиската од 7,6 отсто.

Економистот на фирмата, Мајк Џејкман, посочува дека Велика Британија и Франција изминативе години во неколку наврати си ги менуваа местата на листата на најголеми светски економии, но дека оваа и следната година „тасот на вагата ќе натежне“ кон француската економија.