Економијата е во целосен хаос, функционира само делењето тендери

Криминалниот картел на власта на најбезобразен начин зад превезот на прашањето за името и референдумот врши грабеж на сопствениот народ и сопствената држава. Економијата е во целосен хаос, а единствено што функционира совршено е делењето на тендери, грантови и стипендии на функционерите од власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Стопанството се гуши во овој економски колапс, граѓаните осиромашуваат, цените растат, а стандардот опаѓа. Само во шминканите статистики на владата економијата расте. Но и во таква ситуација тие не ноже да го одречат фактот дека македонската економија пораснала во вториот квартал со трет најнизок процент во споредба со останатите земји во Европа. Второ, овој процент кој криминалниот квартал го слави е во споредба со вториот квартал минатата година кога бележеше пад, што значи реалниот раст е незначителен. Третиот факт е дека и овој резултат е благодарение на економската активност на ТИРЗ-овите кои СДСМ во време кога беше опозиција ги ругаше, стои во соопштението и се додава:

„Загрижувачки е показателот дека освен што нема покачување на капиталните инвестиции, активноста во градежништвото и натаму е ниска, а постои и пад во ИТ секторот. Тоа е само потврда дека отсуствува реална и развојна економска политика кај оваа власт. Тоа граѓаните го чувствуваат по својот грб и по својот џеб, додека картелот на власт се богати“.

Ова, подвлекуваат од партијата, мора да престане. -Криминалниот картел на власт треба да падне, за на Македонија и тргне. Само така на Македонија и престои европска иднина, бидејќи оваа неспособна власт не може тоа да го обезбеди.