Економска дипломатија, намалување на сиромаштијата – приоритети во програмата на Силјановска

Во програмата на кандидатот на претседател Гордана Силјановска Давкова приоритет е економската стабилност која професорката планира да ја стимулира преку сет на мерки и проекти. Во програмата предложени се проекти како економска дипломатија, привлекување на странски инвестиции додека стои и дека зголемувањето на економските параметри мора да биде пропратено со зголемена грижа за животната средина, и да се работи на заштита и промоција на еколошкиот потенцијал кој го поседува Македонија односно залагање за ЗЕЛЕНА, ПАМЕТНА и ДИНАМИЧНА економија.

Во претседателската програма јасно се кажува дека посебно внимание мора да се посвети на економската дипломатија и интензивното привлекување на странски директни инвестиции со потенцијал сериозно да придонесат кон одржлив економски раст, намалување на невработеноста, зголемување на додадената вредност, иновативноста и технолошкиот напредок на македонското производство однсоно се адресираат сите горливи проблеми на македонската економија при што се комбинираат со проекти кои ги следат и светските како економски , така технолошки и еколошки трендови.

Осврнување кон пазарите кон во Азија и Африка и на следните сектори: металургијата, прехранбената индустрија (посебно конзервната и кондиторските производи), производството на пијалаци, текстилна индустрија, производството на тутун и тутунски производи, ИКТ, мебел и производите од камен (мермер ) и слично.

Во дел од проектите спомнато е креирање на земјата во еден вид на инвестициска оаза како безбедна земја со високо квалификуван кадар, земја на млади и паметни луѓе и најдобри услови за вложување на капиталот.