Екстремисти грабнаа 130 семејства во источна Сирија

Припадниците на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава зеле во заложништво 130 семејства, главно жени, од покраината Деир ал-Зур во источна Сирија, објави опозициската организација Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), со седиште во Лондон.

Организацијата наведува дека грабнувањата се случиле во петокот во ненадеен напад на милитантите на логор за внатрешно раселените лица. Екстремистите ги земале заложниците во енклавата којашто ја контролирале источно од реката Еуфрат во Деир ал-Зур, додава SOHR.

Изворот на организацијата поврзан со опозицискиот сунитски совет на Деир ал-Зур изјавил за агенцијата DPA дека џихадистите од Исламската држава привле стотина луѓе од логорот Хаџин и заробиле уште 23 борци на Сириските демократски сили (SDF) во коишто доминираат сириските Курди кои се поддржани од Западот.

Во четвртокот рускиот Центар за помирување на спротиставените страни во Сирија објави дека припадниците на Исламската држава, ја нападнале ривалската џихадистичка групација Хајат Тахрир ал-Шам, поранашената Џебхат ан-Нусра или сириското крило на Ал Каеда, во сириското место Латамне, при што убиле четворица борци и двајца припадници на ткн активистичка група Бели шлемови. Притоа беше шредупредено дека Исламската држава дошла во посед на буриња со хлор со која ал-Шам имал намера да инсценира наводен хемиски напад од сириската владина војска за да испровоцира воен удар од западните земји.