Ешли Кол ја заврши кариерата

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Ешло Кол, кој во текот на кариерата впиша 107 настапи, во неделата објави дека ја завршува играчката кариера на 38-годишна возраст.

Кол кариерата ја започна во Арсенал за кој дебитираше во 1999 година и со кој освои две титули англиски шампион пред контроверзното преминување во Челзи со кој за осумте години ка освои Лигата на шампионите, Европската лига, тутулата во Англија и четири ФА купови. Во периодот од 2014 до 2016 година настапуваше за Рома, па две години мина во ЛА Галакси за минатата година да го носи дресот на англискиот второлигаш Дерби Каунти.

„Го исполнив детскиот сон со играњето професионален фудбал. Во иднина се надевам на одлична тренерска кариера“, соопшти Кол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.