Еврокомесар бојкотира самит во САД поради игнорирањето на загриженоста на ЕУ

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон ја откажал посетата на САД на самитот за тргговија и технологија кој следната седмица треба да се одржи на американскиот Универзитет Мериленд, бидејќи на состанкот нема да биде посветено доволно вниамие на прашањаа коишто ги засегаат европските челници, пренесува агенцијата Bloomberg.

Како што забележува агенцијата, во Брисел и во другите европски престолнини во последнот време не го сокриваат своето незадоволство од американскиот Закон за сузбување на инфлацијата (IRA) обемниот пакет мерки во областа на даночните олеснувања, климата и здравствената заштита. Министри и дипломати од земјите членки на ЕУ го истакнуваа изминатиот период разочарувањето од начинот на кој администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден едноставно го игнорира влијанието на своите домашни економски политики врз економиите на европските сојузници.

Во меѓувреме, од главната поента на дневниот ред на смитит, тоа прашање станало „тема за разговор на 45-минутниот ручек“, изјавил за Bloomberg неименуван помошник на Бретон појаснувајќи ја причината поради којашто еврокомесарот го повлекол своето учество на самитот во САД. Истовременот најавува дека Бретон ќе отпатува во Соединетите држави „некаде на почетокот“ од следната година, на разговори за технологиите, вселената и кибернетичкиот простор.

Законот што во август го потпиша американскиот претседател Бајден, меѓу другото, вклучува и проширување на даночните субвенции за купување електрични возила кои се склопуваат во Северна Америка и користата батерии произведени во САД од материјали од домашно сировини. Со него се издвојуваат 370 милијарди долари за вложувања во чиста енергија и справување со климатските промени, и 63 милиајрди долари за намалување на цените на лекарствата и здравственото осигурување.

Во ЕУ овој потег го оценија како дискриминаторски кон иститите производиди увезени од други земји. Бретон претходно изјави дека не исклучива реципрочни мерки, доколку САД не ги ревидираат своите мерки за поддршка на американските компании според споменатиот закон.