Европски и балкански земји предлагаат воени авиони да депортираат мигранти

Европски и балкански земји предлагаат воени авиони да депортираат мигранти
Европски и балкански земји предлагаат воени авиони да депортираат мигранти

Австрија и девет источноевропски и балкански држави повикуваат за усвојување декларација на ЕУ со која ќе се одобри користење на воени авиони за депортирање на мигранти кои немаат шанси за азил или чии барања за таков статус биле одбиени.

Австриски медиуми објавија дека вакво барање се содржи во писмо до високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и е потпишано од австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил од името на Австрија и останатите земји.

Засега не е познато кои се точно останатите земји кои го потпишале предлогот.

Во писмото се наведува ова прашање да биде ставено на дневен ред на следната средба на шефовите на дипломатии од ЕУ, која ќе се одржи на 19 април во Луксембург.