Езекел Гарај потпиша за Зенит

Репрезентативецот на Аргентина и сега веќе поранешен фудбалер на актуелниот шампион на Португалија, тимот на Бенфика, Езекел Гарај, во следните пет сезони ќе го носи дресот на вицешампионот на Русија, тимот на Зенит.

За да ги осигураат услугите на централниот дефанзивец, раководните лица на Зенит мораа да го прифатат побараното обештетување од 15 мил. евра.

„Им благодарам на сите кои ме поддржуваа во оваа величествена сезона во Бенфика, но време е за нов предизвик“, изјави Гарај веднаш по натпреварот против селекцијата на Нигерија.

Поранешниот фудбалер на Њуелс Одл Бојс, Расинг Сантандер и Реал (М) долг временски период важеше за најголема желба на Манчестер Јунајтед.