Фабио Гросо е нов тренер на Бреша, прва честитка од Јувентус

Некогашниот лев бек, Фабио Гросо, е нов тренер на италијанскиот фудбалски прволигаш Бреша.

Бреша е претпоследна на табелата со само 7 бода од десет кола. Поразот од Верона беше последниот меч за Еугенио Корини на клупата, а веднаш е пронајдена негова замена. Гросо е некогашен играч на Интер и Јувентус, па затоа од Јуве веднаш преку Твитер упатија честитка до Гросо.

Како тренер, Гросо има работено во младиот тим на Јувентус, во Бари, и во Верона. Дебито како тренер на Бреша ќе го има в сабота, кога тимот ќе го пречека Торино, со надеж дека ќе дојдат до третата победа сезонава.