„Фејсбук“ ги прави луѓето среќни

Најновото истражување спроведено од страна на Leibnitz Knowledge Media Research Venter во Германија покажа дека социјалната мрежа „Фејсбук“ ги прави повеќето од луѓето среќни.

Резултатите покажаа дека е поголем бројот на луѓе кои покажуват задоволство од туѓите позитивни објави и убави фотографии на „Фејсбук“, отколку што завидливи или љубоморни.

Пријатели кои објавуваат позитивни објави и убави фотографии сепак успеале кај мнозинството свои пријатели да измамат насмевка на лицата, што најдобро зборува за вистинското влијание на „Фејсбук“.

Затоа, ако не сте расположени посетете го Фејсбук, можеби некој од вашите пријатели одлучил на сите да ви посака убав ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.