Финансиска помош од 7,15 милиони евра од ЕК за БиХ

Европската комисија потпиша двегодишен договор со Советот за регионална соработка на Босна и Херцеговина.

Договорот е ратификуван во Брисел и предвидува Комисијата да обезбеди 7,15 милиони евра на Советот за регионална соработка на Босна и Херцеговина за периодот 2015-2016 година.

Во соопштението по овој повод се наведува дека за првпат ЕК потпишува ваков договор со БиХ и дека оваа помош е јасен знак за поддршка на активностите на Советот за регионална соработка и е во контекст на стратегијата за Југоисточна Европа 2020.

Целта на финансиската помош е земјите од регионот да го подобрат животниот стандард и управувањето, како и да се справат со корупцијата.

Во следните две години Советот за регионална соработка на БиХ ќе се фокусира на проблеми поврзани со трговија, инвестиции, транспорт, образование, енергетика, култура, занаетчиство, животна средина и правосудство.