Физичка пресметка и демолирање во познат скопски локал

На 20.02.2021 околу 20,15 часот во угостителски објект на булеварот „Илинден“ во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода 19-годишниот Х.Ј. и 27-годишниот А.С. двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу П.Ѓ. на 28 години со споменатите откако едниот започнал да  да го крши инвентарот од угостителскиот објект.

Според сведочењето на присутните, сите тројца претходно седеле на иста маса.

Потоа А.С. физички ја нападнал и 18-годишната Е.Х. од Скопје која била заедно со С.С. на 19 година од Скопје, а потоа ѝ го искршил мобилниот телефон на Е.Х…

На местото на настанот е извршен увид, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.