Фондациите на СОРОС поттикнуваат насилни протести во Балтимор

Социјалните медиуми финансирани од фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос се чини дека го оправдуваат насилството во Балтимор, особено врз полицијата.

Завчера, два од социјалните медиуми на фондацијата објавија напис преку „Вокс“ за своите следбеници со наслов „Ова е совршен одговор на секој повик за ненасилство во Балтимор,” со алтернативeн наслов, „Најважната работа што сите што повикуваат на ненасилство во Балтимор забораваат да ја спомнат. ”

Во написот се истакнува една приказна од Та-Нехиси Коутс од „Атлантик“, во која авторот вели дека насилството за време на демонстрациите е соодветен одговор на насилството што полицијата го вршела врз жителите на Балтимор во текот на годините.

По настаните со уништувањето, други левичарски публикации како „Салон“, исто така, се качија на вагонот за насилство против полицајцата, објавувајќи наслов што гласи: „Насилните демонстранти во Балтимор се во право: Уништувањето полициски автомобили е легитимна политичка стратегија”, нарекувајќи го ненасилството „јалова тактика.”

Прашањето за полициската бруталност, како и во кое било друго место во Америка или во светот за таа работа, претставува проблем за Балтимор. Од 2011 година навака градот има исплатено околу 5,7 милиони долари на жртвите на полициско насилство.

soros_baltimorrr

Но, единствениот логичен одговор на немирите, грабежите и уништувањето на приватната сопственост е уште посуровата полициска операција што се манифестира во неодамнешната одлука на гувернерот на Мериленд, Лари Хоган, да се активира Националната гарда.

Соросоидите го знаат тоа, а написите на нивните социјални медиуми илустрираат како фондацијата намерно истура гас на пламенот од граѓански немири со цел да се „унапредат системските промени“, надевајќи се дека ќе ја извадат нивната верзија на ред надвор од хаосот.

Откриено е дека фондацијата „Отворено општество“, раководена и основана од Сорос, дала најмалку 33 милиони долари за охрабрување на активистите во Фергусон, Мисури, помагајќи  да се создаде нашироко познатата мантра „Рацете горе, не пукај”.

soros_baltimorrr_2

Самиот Сорос, исто така, си призна на Си-Ен-Ен минатата година дека невладината организација што тој ја формира во Украина пред конфликтот со Русија „одигра важна улога“ во поттикнувањето настани што го дестабилизираа регионот.

Додека полициското насилство врз граѓаните на Балтимор никако не може да се оправда, насилните протести и нападите врз полицијата само ќе служат за да се зголемат полициските сили и да се оправда милитаризираниот одговор.

По објавата на нивните социјални медиуми, фондацијата мораше да ја „објасни“ својата позиција на еден загрижен корисник на „Фејсбук“, велејќи „Ние не го критикуваме  повикот за смиреност ниту го оправдуваме насилството. Ние ја споделуваме оваа приказна бидејќи  го привлекува вниманието назад кон полициското насилство и бруталност.“