Фотографија од денот кога исчезна Мартин: Брат му моли за помош – споделете!

Братот на исчезнатиот Мартин се огласи повторно на Фејсбук и објави фотографија од денот на неговото исчезнување.

-Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата се уште е во тек меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух копно и вода. Доколку некој има било каква информација и е во можност на било кој начин да помогне во потрагата по мојот брат слободно исконтактирајте ме.
Ве молам споделете ја фотографијата за волонтерите што помагаат да имаат појасна слика, пишува Горан Јовановски, братот на исчезнатиот Мартин.