Француски АД магазин го препорачува Охрид за одмор во 2020 година

Францускиот магазин АД, посветен на декорацијата, уметноста, архитектурата и начинот на живеење, на своите читатели им препорачува пет дестинации за одмор во 2020 година, меѓу нив и Охрид, јавува дописникот на МИА.

Охрид е втората дестинација на магазинот АД, покрај карипскиот остров Аруба, планината Барилоче во Патагонија, Ванкувер во Канада и Котор во Црна Гора.

АД објаснува дека Македонија е мала држава во Југо-источна Европа на Балканскиот полуостров, која доби ново име по децениите на политичка дебата со соседна Грција.

Причините поради кои АД советува да се замине на одмор за Македонија се бидејќи таа е позната по својата гастрономија, по вековните традиции и својата природа. Охрид е ставен под заштита на УНЕСКО и тоа е само уште една причина повеќе за да се посети.