Французинка доби 3-Д испечатен нос по досега невообичаена процедура

Французинка која поради рак останала без дел од лицето, доби нов нос којшто бил 3-Д испечатен во лабораторија. По девет години боледување и неколку неуспешни пластични реконструкции на лицето, носот на пациентката конечно е обновен.

Но, научниците прво морале да „ѝ го прикачат“ на раката заради неопходното прилагодување околу потребното снабдување со крв, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert).

Откако пациентката „го носела“ новиот нос на раката два месеци, хирурзите ѝ го пресадиле на лицето. Операцијата траела шест часа, а лекарите требало внимателно да ги поврзат крвните садови од новиот орган со слепоочницата на жената. Хирурзите од Институтот за рак при Универзитетот во Тулуз во Франција потврдија дека пациентката закрепнува успешно.

– Кога се разбудив следниот ден, бев целосно урнисана. Не бев излегла 10 години, па со мојот сопруг решивме дека наскоро повторно ќе одиме в ресторан… Сега можам да мирисам подобро од кога било, изјави жената за француски „Монд“.

„Ваков вид пресадување никогаш досега не била извршена на толку кревка област чувствителна во однос на крвта“, ​​велат од болницата.

Хирурзите сега се надеваат дека ќе може да се користи оваа револуционерна техника и за пресадување други телесни импланти во иднина.